Жени пред нервен слом

(според сценариото на „Жени на работ од нервен слом“ од Педро Алмодовар)

Режија: Иман Лео Лемо

Кореографија: Лео Мујиќ

Костимографија: Мирјана Загорец

Сценографија: Весна Режиќ

Музика: Звонимир Дуспер – Дус

 

УЛОГИ:

Пепа – Марина Поп Панкова

Габриела Жаркез – ЖаркоДимоски

Иван – Едмонд Сотир

Лусија, бивша жена на Иван – Жаклина Стевковска

Карлос, син на Иван – ИлијаИлиоски/Александар Вељановски

Мариса, девојка на Карлос – Кристина Ласовска

Кандела, другарка на Пепа – Ева Скендеровска

Полина, адвокат, новата девојка на Иван – Миа Кантарџиева

Рецепционерка во ТВ станица – Ема Давчева

Херман, продуцент, режисер – Тони Денковски

Доктор-гинеколог (снимка на тел. секретарка) – Александар Вељановски

Хуан, агент за недвижнини – Тони Денковски

Изабел, аптекарка – Ема Давчева

Жена 1 на презентација во аптека – Миа Кантарџиева

Жена 2 на презентација во аптека – Ева Скендеровска

Таксист – Тино Костадиновски

Ана, сосетка на Пепа – Ема Давчева

Чаз, домарка во зградата на Пепа – Дритон Вејсели

Секретарка на Полина – Ема Давчева

Курир, доставувач во адвокатската канцеларија – Тони Денковски

Полициски инспектор 1 – Жарко Димоски

Полициски инспектор2 – Дритон Вејсели

Телефонски техничар – Тони Денковски

Амбит, дечко на Ана – Тони Денковски

 

Премиера: 14 мај 2019

Педро Алмодовар, по чиешто сценарио ја работевме оваа претстава, е најуспешниот и светски признат шпански режисер, автор и продуцент од својата генерација. Неговите ликови поминуваат низ турбулентни фабуларни лавиринти, но на крајот секогаш ја пронаоѓаат светлината. Како и во животот.

Реката на човештвото, без обѕир на мрачните канони и опасните меандри, се влева во океанот на љубовта. Затоа Алмодовар создава мелодрами кои им се случуваат на ликови со впечатливи животни маски – глумици, проститутки, трансвестити, калуѓерки, хомосексуалци…

И сите тие негови ликови успеваат да ги надлетаат животните препреки, кои често се многу радикални и на работ од возможното. Овие алмодоварски персони се посилни дури и од смртта или, во овој случај, посилни и од болниот прекин на љубовната врска. Истоимениот филм е најнаградуван шпански филм воопшто, кој во 1999 г., покрај останатите награди, се закити и со Златен глобус и Оскар.

Со оваа претстава Театар Комедија се запишува на мапата на истражувачи на либералните можности на европската култура, која на нашиот патријархален Балкан е и повеќе од потребна.