Во Театар Комедија денеска се одржа првата проба за претставата ,,ЖЕНСКА ГАРДЕРОБА“, според Арношт Голдфлам, во режија на Наташа Поплавска.
Играат: Жаклина Стевковска Дрнасин, Тања Мицков, Жаклина Петровска Милјановска, Ева Скендеровска и Тони Денковски.
Инспициент: Нуриамет Рушити; Драматург: Благица Секулоска; Суфлер/лектор: Сања Стојковска; Костимограф: Ивана Каранфиловска Угуровска; Сценограф: Војдан Запров; Музика: Ристо Вртев; Дизајн на светло: Милчо Александров.
,,Женска гардероба“, по текст од современиот чешки автор Арношт Голдфлам, се реализира со финансиска поддршка од Амбасадата на Република Чешка во Скопје – Velvyslanectví České republiky ve Skopji и од чешката фирма SOR Libchavy (http://sor.cz/).
На првата проба присуствуваа и драгите гости од Чешката амбасада и Неговата Екселенција г. Јарослав Лудва.
Премиерата на оваа претстава е закажaна за 26 октомври 2022 година.