Режија: Синиша Евтимов
Играат:
Валентин Костадиновски – Тино
Наталија Теодосиева
Сергеј Димовски
Атанас Атанасовски
Сценографија: Мартин Манев
Костимографија: Ивана Каранфиловска Угуровска
Дизајн на звук: Георгиј Полизов
Тон-мајстори: Георгиј Полизов и Томи Анчов
Дизајн на светло: Мартин Манев
Светло-мајстор: Слободан Илиоски
Претставата ,,Илуминати“ е работена според култниот филм на Хичкок, ,,39 скали“. Жанровски претставува уникатен спој на трилер, акција и комедија, со елементи на ноар и со филмски јазик. Приказната се одвива околу главниот херој Кирил Балкан (Тино Костадиновски), кој заедно со плејадата споредни ликови, вешто интерпретирани само од тројца актери (Наталија Теодосиева, Сергеј Димовски и Атанас Атанасовски), нè води низ својата животна приказна со несекојдневни патешествија…
Напомена: Во претставата се користат гласни ефекти (пукање)