По мотиви на драмата „Кој сум јас во твоите песни“ од Митко Чешларов
Автор: Митко Чешларов
Режисер: Наташа Поплавска
Драматург: Марија Сарап
Сценограф: Војдан Запров
Костимограф: Сара Милевска
DJ и избор на музика: Александар Јорданов
Проект менаџер: Дејан Матиќ
Сценски движења: Ирена Лозинска
Видео дизајнер и фотограф: Емил Петров
Светло дизајнер: Милчо Александров
Асис. по режија и драматургија: Оливија Трајковска
Асис. по сценографија: Зоран Костовски
Асис. на костимограф и изведувач: Љубица Велкова
Играат:
Благој Веселинов
Жаклина Стевковска
Жаклина Петровска
Ева Скендеровска
Матеа Јанковска
Едмонд Сотир
Илија Илиоски
Ана Грамосли
Мина Јелушиќ
Инспициент: Александар Јорданов
Суфлер: Катарина Илиоска
Тон мајстор: Томи Анчов
Светло мајстор: Слободан Илиоски
„Кој сум јас“ е брза и разиграна фарсична комедија за луѓе што играат улоги во сопствениот живот. Луѓе кои кажуваат едно, мислат друго и прават трето. Луѓе кои позајмуваат идентитети како што позајмуваат пари. Луѓе кои зборуваат за вредности, а тргуваат со нешто друго.
Во оваа приказна, работите постепено се комплицираат. Малите лаги бараат нови, поголеми лаги. Ситуациите излегуваат од контрола.
Токму тука настапува фарсата. Кога лагата ќе се оттурка предалеку, таа почнува да се распаѓа. Телото издава, а маската почнува да попушта. Преку ритам и телесна комичност, се разголува механизмот на лагата.
И токму затоа, сè е смешно. Бидејќи кога вистината станува апсурдна, единствениот начин да се издржи е преку смеа.
Секој има причина да биде тоа што не е. Во таа игра на идентитети, ситуациите стануваат неочекувано тензични, брзи и смешни. Хуморот е жив, понекогаш апсурден, понекогаш болен, но секогаш препознатлив.
Оливија Трајковска, асс. драматургија и асс. режија
