Лет над кандидатското гнездо
Автор: Блаже Миневски
Режија: Андреј Цветановски
Сценографија: Владо Ѓоревски
Костимографија: Фросина Настевска
Асистент на режија: Саша Нацевски
Музика: Дејан Јанушев
УЛОГИ:
Крале Марков – Драган Спасов – Дац (к. г.)
Дете Голобеше – Валентин Костадиновски – Тино
Павле Плетикоса – Жарко Димоски
Евгенија Борсадила – Кристина Ласовска
Трте Вејвода – Крсте Јовановски
Итар Пејов – Атанас Атанасовски
Сирма Војвода – Тања Мицков
Болен Дончо – Илија Илиоски
Чачко – Едмон Сотир
Тутика – Нина Деан
Гусларот – Стефан Вујисиќ (к. г.)
Петре Предавникот – Атанас Атанасовски
Волкашин – Крсте Јовановски
Черно Арапов – Едмонд Сотир
Премиера: 13 април 2013
Приказната во „Лет над кандидатското гнездо“ се случува во една долина, во едно село, каде што сѐ е многу нормално. Но, доаѓа еден змеј, ја зазема клусурата, која е единствениот пат за излез од долината. Крале Марков е владетел на долината и ги собира јунаците за еден последен, јуначки подвиг против змејот…
„Лет над кандидатското гнездо“ е приказна за луѓето што не признаваат дека се тоа што се, сателитска снимка на измешани соништа во која сами си ги создаваме нашите варвари, а потоа се чудиме зошто комедијата се претвора во ехо од крик, кикот и вресок…