Многу врева за ништо
Автор: Вилијам Шекспир
Режија: Дејан Пројковски
Сценографија: Валентин Светозарев
Костимографија: Благој Мицевски
Музика: Горан Трајковски
Кореографија: Елена Прокопева
УЛОГИ:
Бенедик – Атанас Атанасовски
Дон Педро – Валентин Костадиновски – Тино
Клаудио – Жарко Димоски
Борачио – Илија Илиоски
Дон Хуан – Роберт Ристов
Свештеникот – Едмонд Сотир
Леонато – Крсте Јовановски
Хера – Зорица Нушева
Урсула – Драгана Левенска
Маргарет – Ева Скендеровска
Премиера: 30 јуни 2014 (фестивал „Гола Месечина“)
„Многу врева за ништо“ блика од комични ситуации кои ги развиваат ликовите на благородниците од Месина. Дејствието на текстот се одвива во Месина и се базира на љубовните згоди и незгоди на два љубовни пара, Беатриче и Бенедикт, и Клаудио и Хера, и сите оние што ја поткрепуваат или ја рушат нивната љубов.
Претставата се занимава со упорноста и отпорноста на љубовта, низ какви сè пречки мора да помине и да ги преброди. Се занимава со борбата меѓу половите, но и класите – борба за вистинска љубов со вистинска љубов…
Награди:
Три награди (за најдобра машка улога, најдобра женска улога и за најдобра режија) на Фестивалот за античка драма „Стоби“ во 2014 година.