Свечено отворање на “Гола Месечина” 2021

На 16.09.2021 свечено се отвори осмиот по ред фестивал „Гола месечина“ во организација на НУ Театар Комедија и Општина Аеродром. На свеченото отворање публиката во СЦ Ново Лисиче со громогласен аплауз ја поздрави првата од 5те предвидени комедии за оваа година, премиерното издание на „Грдиот“ од Мариус Вон Мајенбург, во режија на Ирена Стеријовска. Во претставата играат Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски, Тони Денковски и Наталија Теодосиева, во продукција на НУ Театар Комедија. Ве очекуваме и во останатите четири фестивалски вечери.

ПРОТОКОЛ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ТЕАТАРСКИОТ ФЕСТИВАЛ “ГОЛА МЕСЕЧИНА” 2021