Театарски викенд на отворено

Првата претстава во рамките на настанот ,,Театарски викенд на отворено“ се одигра минатиов петок (11 јуни) – изведбата на ,,Вечера за глупаци“ (режија: Ирена Стеријовска), која започна во 21 часот, наиде на овации и аплаузи од публиката. Времето ни излезе во пресрет во текот на целиот настан, па нашите актери ја засмеваа публиката со часови под отворено небо, на покривот на Градскиот трговски центар. Настанот продолжи во сабота (12 јуни) со втората претстава – ,,На отворено“ (режија: Андреј Цветановски). Во неделата, по историскиот фудбалски меч за Северна Македонија во УЕФА ЕУРО 2020, настанот ,,Театарски викенд на отворено“ го заокруживме со претставата ,,Чао пријатно“ (режија: Синиша Евтимов). Голема благодарност до нашите актери и до техничките екипи од Театар Комедија и од ГТЦ, како и до сите учесници и поддржувачи во текот на реализацијата на настанот ,,Театарски викенд на отворено“, организиран од НУ Театар Комедија и ГТЦ по потпишаниот меморандум за соработка.

Изведбите на претставите се одвиваа според протоколите и мерките за одржување настани на отворено за време на пандемија.