Трудна приказна
Автор: Благица Секулоска
Режија: Лидија Дедовиќ
Сценографија: Милан Несторов, Сергеј Светозарев и Лидија Дедовиќ
Костимографија: Марта Дојчиновска
Музика: Димитар Андоновски
УЛОГИ:
Д-р Ката – Јелена Жугиќ
Цвета – Елизабета Стефановска (к. г.)
Неда – Ева Скендеровска
Ленче Кумановче – Жаклина Петровска
Спасе – Атанас Атанасовски
Осман-бег – Валентин Костадиновски-Тино
Бошко – Жарко Димоски
Досе – Илија Илиоски
Христов – Столе Мицов
Иван – Едмонд Сотир
Премиера: 31 јануари 2017
Хероини од три позначајни македонски пиеси од 20 век бегаат во комедија сместена во 2032 година. Тие сакаат промени, сакаат да станат мајки. Мажите, нивните херои, одат по нив во новиот жанр за да ги вратат назад. Дали иднината е во криза, дали светот ќе стане клиника за вештачкото во секоја смисла на зборот, па дури и за драмското оплодување?
Оваа претставата беше дел од проектот „Кршење на традицијата“ – проект на соработка на Театар Комедија и Зетски дом – со кој се преиспитуваа и редефинираа традиционалните вредности на двата народа.
Награди:
Награда за најдобра претстава „Исчекор во храброста“ на „Театар фест“ – Бања Лука, 2017. Награда за најдобра претстава, најдобар драмски текст, најдобра главна женска улога, најдобра машка епизодна улога и најдобра женска епизодна улога на 52. МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, 2017.