Фестивал на комедијата “Гола Месечина” 2022

Почнувајќи од 25.06.2022 до 30.06.2022, на отворено небо со првата претстава „Да, инспекторе“ на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ (во режија на Синиша Евтимов) се организираше годинешното 9-то издание на Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“, кој се одржа на стадионот во Реонски центар во општина Аеродром. Традиционално, Фестивалот е во организација на Општина Аеродром и Театар Комедија, а годинава на репертоарот имаше претстави од Македонија и од регионот, сите со почеток од 21:00 часот. Картите за ,,Гола месечина“ беа бесплатни на пријавницата во Општина Аеродром, како и на билетарницата на Театар Комедија. Локацијата годинава беше на спортското игралиште во Ново Лисиче. 

Откако ги проследи сите претстави што се одиграа во рамките на Фестивалот, жири комисијата (во состав: Несрин Таир, Ева Скендеровска и Сергеј Димовски) ги донесе и одлуките за годинешните добитници на наградите:
– Наградата за најдобра режија ја добива Синиша Евтимов за претставата ,,Да, инспекторе“ (претстава со грешки) на НУЦК ,,Марко Цепенков“ – Прилеп, театар ,,Војдан Чернодрински“ (претстава по мотиви од текст на Хенри Џонатан Хенри);
– Наградата за најдобра женска улога ја добива Катерина Чакмакоска за улогата на Пеце во претставата ,,Да, инспекторе“ (претстава со грешки) на НУЦК ,,Марко Цепенков“ – Прилеп, театар ,,Војдан Чернодрински“;
– Наградата за најдобра машка улога ја добива Миљан Прљета за улогата на сликарот Даниел Л’Торел во претставата ,,Опасна љубовна игра“ од Бранислав Нушиќ – Театар ,,Славија“, Белград;
– Наградата за најдобра претстава ја добива Народниот театар ,,Иван Вазов“ од Софија за претставата ,,Прекрасна недела за Крев Коер“ од Тенеси Вилијамс, во режија на Здравко Митков.
Честитки до добитниците на наградите! Се гледаме догодина на јубилејното 10. издание на ,,Гола месечина“!