Чувството на брадата
Автор: Ксенија Драгунска
Режија: Борис Лијешевиќ
Сценографија: Валентин Светозарев
Костимографија: Илина Ангеловска
УЛОГИ:
Кристина Ласовска
Нина Деан
Жарко Димоски
Зорица Нушева
Ердоан Максут
Роберт Ристов
Едмонд Сотир
Валентин Костадиновски – Тино
Ева Скендеровска
Илија Илиоски
Крсте Јовановски
Атанас Атанасовски
Премиера: 25 септември 2014
„Чувството на брадата“ преку главната хероина ве носи во еден чуден, опасен, непредвидлив, но во исто време и поетичен, духовит, неодолив, автентичен и неповторлив свет.
Свет во кој се крие чудовиште, но и бисери. Тој чудесен и луд свет го набљудуваме со неверување и внимателност, сметајќи ги неговите херои за заостанати и примитивни митомани, за на крај да дојдеме до прашање во поинаква перспектива: кој е во право?
Кој ги држи клучевите на објективноста? Кој може да каже дека го познава светот? Кој може да суди за светот?