Режија: Синиша Евтимов
Продуцент: Татјана Дешко
Сценографија, костими и дизајн на видео: Илина Ангеловска
Асистент на режија: Борјан Стојков
Играат:
Атанас Атанасовски
Валентин Костадиновски
Сергеј Димовски
Тони Денковски
Виктор Арсов
Јаков Спасов
Столе Мицов
Илија Илиоски
Жарко Димовски
Жаклина Петровска
Maja Љутков
Елена Кузманов
Инспициент: Нурјамет Рушити
Тон мајстор: Георгиј Полизов
Светло мастор: Слободан Илиоски, Илија Тарчуговски
Суфлер: Цветанка Joвановска Николовска
Видео оператор: Михаил Петров и Петар Стојановски
Технички раководител: Никола Николовски
Реквизита: Крон Красниќи
Гардероба: Елизабета Стојчева, Љупчо Атанасоски и Каролина Билјароска
Шминка-фризура: Ивана Спироска, Велимир Минов и Диме Блажески
Сценска техника: Дејан Николовски, Владимир Русјаков и Мирослав Пралица
Фотограф на претставата: Кире Галевски
„Аматери“ е сатирична и експлозивна театарска претстава што ги меша историјата, поп-културата и современиот апсурд во еден хаотичен, магично-забавен свет. Од Солунските атентати, преку партизани во „Фортнајт“ универзумот, до пародични реклами за Кавадарци, козметика и хотели – сè е дозволено и ништо не е свето.
Преку динамични сцени и ликови што постојано се движат меѓу мит и реалност, „Аматери“ поставува прашања за идентитетот, историјата, смислата на животот и сè останато.
Ова е претстава за револуционери и будали, за љубовници и предавници, за партизани и инфлуенсери – за сите нас што од љубов кон идејата или хаосот остануваме аматери.
„Аматери“ е спектакл кој ја брише границата меѓу смеење и плачење, меѓу историјата и фикцијата, меѓу трагедијата и фарсата.
