ВИСТИНАТА 1
Режисер: Владимир Јурц
Автор: Флоријан Зелер
Превод: Офелија Ковилоска
Драматург: Димитар Банов
Костимографија: Maja Благович
Композитор: Васко Атанасовски
Изработка на сценографија: Никола Николовски
Дизајн на плакат: Воскресија Андреевска
Автор на поемата „За сѐ ќе платиш” – Дане Зајц
Препев од словенечки казик: Дарко Спасов
Певица: Маја Павловска
Тонска продукција: Томи Анчов
Светло дизајн: Александар Атанасовски – Мутер
Играат:
Благица Трпковска Јоковиќ
Кристина Христова Николова
Александар Вељановски
Роберт Ристов
Инспициент: Нурјамет Рушити
Технички раководител: Никола Николовски
“Вистината” на Театар Комедија, ја подржаа Амбасадата на Република Словенија во Скопје, Таб Мак Пробиштип, Unija Etl Global, Винчини и Best Western.
Фотографии: Драган Гајиќ
Слики од премиерата на ВИСТИНАТА 1
Фотографии: Драган Гајиќ
ВИСТИНАТА 2
Режисер: Владимир Јурц
Автор: Флоријан Зелер
Превод: Офелија Ковилоска
Драматург: Димитар Банов
Костимографија: Maja Благович
Композитор: Васко Атанасовски
Изработка на сценографија: Никола Николовски
Дизајн на плакат: Воскресија Андреевска
Автор на поемата „За сѐ ќе платиш” – Дане Зајц
Препев од словенечки казик: Дарко Спасов
Певица: Маја Павловска
Тонска продукција: Томи Анчов
Светло дизајн: Александар Атанасовски – Мутер
Играат:
Виктор Арсов
Ева Скендеровска
Столе Мицов
Тања Мицков
Инспициент: Нурјамет Рушити
Технички раководител: Никола Николовски
“Вистината” на Театар Комедија, ја подржаа Амбасадата на Република Словенија во Скопје, Таб Мак Пробиштип, Unija Etl Global, Винчини и Best Western.
Фотографии: Драган Гајиќ
Слики од премиерата на ВИСТИНАТА 2
Фотографии: Драган Гајиќ
ВИСТИНАТА – Флоријан Зелер
Дали е подобро да се лаже? Дали добронамерната, бела лага може да ни ги спаси пријателството и бракот? Конечно, дали воопшто можеме да разговараме за некаква апсолутна вистина кога станува збор за љубов
Одговорите на овие скокотливи прашања, испреплетени низ современиот, иронично-комичен, но и сурово реалистичен ракопис на наградуваниот францускиот драмски писател, Флоријан Зелер, пристигнаа и кај нас. Прељубата, сомнежот, страста, љубовта, пријателството, неверството, лагата и вистината меѓу двата пара, Винсент и Софи, и Пол и Алиса, се атрибути на модерното живеење во кои може да се препознае секој од нас. Буквално.
Оттука, театарската претстава „Вистината“, предводена од диригентската палка на познатиот словенечки актер и режисер, Владимир Јурц – Лали, и неверојатниот актерски ансамбл на театарот „Комедија“: Тања Мицков, Ева Скендеровска, Кристина Христова Николова, Благица Трпковска, Роберт Ристов, Столе Мицов, Виктор Арсов и Александар Вељановски (поделени во две постави), не само што ја провоцира публиката и неретко не остава подзинати, туку и гласно повикува да ги преиспитаме, а можеби и редефинираме, сопствените бракови, љубовни врски, афери…
Флоријан Зелер, роден на 28. јуни 1979, е француски романсиер, драмски писател, сценарист, театарски и филсми режисер. Има напишано повеќе од десетина драми, поставени низ целиот свет, кои го прават еден од најпознатите современи драматурзи.
Заснован на неговата истоимена драма, својот прв долгометражен игран филм, „Таткото“, Зелер го пишува и режира во 2020-тата година и во него играат прославените глумци Ентони Хопкинс и Оливија Колман. Филмот добива повеќе од 200 номинации и награди, а на 93-тото доделување на Оскарите се закитува и со две статуетки. Во 2023-тата, Зелер е одликуван со орденот на француската Легија на Честа, големо признание чии претходни добитници се: Роберт Редфорд, Мајлс Дејвис, Дејвид Линч, Чарли Чаплин, Џозефин Бејкер и други. Како дете на раздвоени родители, на 15 годишна возраст, тој доживува кома предизвикана од асматичен напад. Оттогаш, Зелер ја напушта природно-математичката гимназија во Париз, целосно се препушта на уметноста, а подоцна вели: – Мислам дека токму во тој момент грижата и пишувањето влегоа во мојот живот.











































































