“КОКОШКА” – ПРЕМИЕРА 11.11.2025

Кокошка
Според Николај Кољада

Играат: 
Биљана Драгиќевиќ-Пројковска
Ане Блажовски
Ванеса Тримчевска
Toме Станковски
Кристина Гиева

 

,,Кокошка’’се занимава со потребата за слобода, за копнежот и страста да се сака и да се сонува, дури и кога светот станува студен и апатичен.
Таа шарена, невпечатлива птица, сепак нѐ охрабрува да летаме.
Во пукнатините и преку анализа на извитоперените вредности, на моралната пакост, на лековерноста, на суетата, се раѓа светот на нашите ликови.

Налик на еден отворен креативен процес, актерите од малиот театар, преку импровизација, баналност, комедија на апсурд, создаваат сѐ во овој миг, пред наши очи на сцена.

Тоа е нивниот метод за справување со внатрешниот хаос. Како своевидни џезери, импровизатори, големи аматери, неприкосновени таленти или само обични луѓе, ликовите се борат со игра против непредвидливото, неподносливото, она што е тешко да се признае, против лажното..

Во срцето на нивната претставата е младоста, таа го буди заспаниот дух на љубовта и радоста. Таа е бесна глиста во утробата на затворениот систем; немирна, искрена и гладна за промена. Таа се судира со навиките, рамнодушноста и стравот. Таа е кокошка!