“КОСА: ПОРОИ НА БЕС” – ПРЕМИЕРА 05.11.2025
„КОСА: Порои на бес“
 
Игра: Бојан Кирковски
Текст и Режија: Билјана Радиноска
Глас: Ненад Митевски,
Аудиомонтажа: Душица Настова
Дизајн на плакатот: Соња Ставрова

„КОСА: Порои на бес“ е црна комедија што го истражува парадоксот на современиот човек. Сместена меѓу стенд-ап и исповед, оваа монодрама ги отвора прашањата за токсичната машкост, социјалната надмоќ и невидливите механизми на агресијата што ја обликуваат нашата секојдневност. Бојан Кирковски актерски отсликува серија на живописни и контрастни ликови – од скитници до милионери – претставата создава колаж од гласови каде што секој глас на свој начин се обидува да ја задржи контролата во свет што одамна ја има изгубено рамнотежата.

„КОСА: Порои на бес“ комбинира хумор и хорор, сатиричност и болка, претворајќи го индивидуалниот немир во општествена дијагноза. Ликовите се смеат, се навредуваат, се исповедаат и се распаѓаат, создавајќи еден непрекинат тек на емоции – меѓу агресија и ранливост, гнев и самоиронија.

Оваа претстава е продукција на Театар за Магдалена, Бојан Кирковски и Лист Продукција, со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам и Театар „Комедија“ – Скопје.