Бракот е брак

Бракот е брак – според „Просидба“ од А. П. Чехов

Режија и адаптација: Теа Беговска;

Сценографија: Сергеј Светозарев;

Костимографија: Марта Дојчиновска;

Автор на музика: Енес Беговски;

Премиера: 14. Ноември 2017;

 

ИГРААТ:

Режисерот/Степан Степанич Чубуков: Роберт Ристов;

Актерот/Иван Васиљевич Ломов: Столе Мицов;

Актерката/Наталија Степановна: Ева Скендеровска;

Директорот: Ердоан Максут;

Суфлерката: Миа Кантарџиева;

Музичарот: Енес Беговски;

„Бракот е брак“ е комедија, работена според „Просидба” од Чехов во режија на Теа Беговска, и претстава преку која можете да „ѕирнете“ зад кулисите на театарот, претстава што на забавен начин ќе  ви одговори на сите прашања што сте ги имале за театарот како институција и начините како се подготвува една претстава.

Актерите од Театар Комедија со динамичната игра откриваат еден цел процес на правење претстава, проблемите со кои се соочува режисерот при „режирањето“ претстава, задачата на суфлерот, проблематики на создавање на театарскиот свет, задачата на актерите… и сето тоа видено низ призмата на ликот на директорот.

Во претставата која е поделена на два дела, првиот дел е за процесот на претставата и прикажани се суетите на актерите, грешните одлуки на директорот, вториот дел пак, е за тоа како не треба да изгледа една претстава и за сите грешки и малери кои се случуваат, со што се соочуваат актерите и режисерите и на кој начин актерите се обидуваат да ја „извадат“ претставата Просидба.