ИМЕ
Автори: Александар Пателие и Метју Делапорт
Режија: Нени Деместре
Адаптација и драматургија: Дарко Јан Спасов
Превод: Лилјана Плевнеш
Сценографија: Лина Венгоечеа
Играат:
Бети: Зорица Нушева
Петар: Роберт Ристов
Виктор: Атанас Атанасовски
Тони: Илија Илиоски
Ана: Кристина Ласовска
Премиера: 10 септември 2015
Претставата Име на сцената на Театар Комедија, е комедија на ситуации во чиј центар лежи филигранска вивисекција на „непотребните“ расправии во едно семејство. Овој драмскиот текст, кој на француски носи наслов Le prenome има доживеано и успешна екранизација на филмското платно во Франција.
Дејствието во претставата Име е адаптирано за едно македонско современо семејство. Дејствието се одвива во станот на сопружниците Бети и Петар во кое секојдневието тече со „нормално“ темпо на живеење, сè до моментот, кога братот на Бети, Виктор како иден татко, свечено, но „зајадливо“ ќе го објави името на својот нероден син. Токму луцидната постапка со изборот и најавувањето на фамозното име ќе нè воведе во канонада од недоразбирањата во конкретното семејство, во кое расправијата за тоа кое име е прифатливо за детето на Виктор и Ана, ќе доведат до уште поголеми комични заплети.
Во претставата, како дел од семејството се и Тони, нивниот пријател од детството и сопругата на Виктор, Ана.