ГОСПОДАРОТ НА КУКАВИЦАТА

Автор: Венко Андоновски

Режија: Андреј Цветановски

Драматург: Дарко Јан Спасов

Сценографија : Милан Несторов, Сергеј Светозарев

Костими : Александар Ношпал

Музика: Оливер Јосифовски

Дизајн на светло: Милчо Александров

 

Никодим – Рубенс Муратовски

Серафим – Атанас Атанасовски

Серафимка – Жаклина Петровска

Херувим – Валентин Костадиновски

Аранѓелче – Илија Илиоски

Министерот – Едмонд Сотир

Косте – Столе Мицов

Лекарот – Зорица Нушева

Златарот – Роберт Ристов

Мајстор Штерјо – Крсте Јовановски

Џамалудин – Ердоан Максут

Мојца – Тања Мицков

Првата невеста – македонка – Ева Скендеровска

Втората невеста – србинка – Мирјана Ристов

Третата невеста – хрватка – Кристина Ласовска

Времето/Никодимка – Јелена Жугиќ

 

Премиера: 14 декември 2015

После првата праизведба на авторот Венко Андоновски, За секого има по една, Театар Комедија ја повтори соработката со овој познат македонски драматург. 

Овој пат се работи за Господарот на кукавицата, комедија во која старецот Никодим од Галичник, никако да умре, па затоа синот Серафим и внукот Херувим сакат да се ослободат од него и го носат во старечки дом во Скопје, па откако од медицинскиот персонал на домот дознаваат дека татко им наместо измет исфрла танзанит, скапoцен камен, го грабнуваат од домот и си го враќаат во Галичник. 

Но дали е тоа навистина танзанит, каква е цената што треба да ги платат среброљубието и жедта за власт, од каде африканец во Галичник и кој е господарот на кукавицата од цезиумскиот часовник на Европа, клучот е во итроштините на старецот Никодим.

Господарот на кукавицата е „сериозна“ комедија со голема мера на апсурдни ситуации, каде се кршат копјата меѓу народните вредности, скромноста, послушанието од една страна и од друга страна глобализацијата со сите нејзини маани и недоследности. Во домот на дедо Никодим или традицијата мака мачи со новоиспилената глобализација, или пак, таа – глобализацијата не може да им го пофати крајот на нашите традиционални семејни вредности.