ВАРДАРСКИ ПАСТУВИ

Времетраење: 2 часа и 30 минути

Избор на музика, превод, адаптација и режија: Синиша Евтимов

Сценографија: Милан Несторов

Костимографија: Александар Ношпал

Кореографија: Саша Евтимова

Играат:

Атанас Атанасовски – Џаро

Валентин Костадиновски-Тино – Брзи

Жарко Димовски – Жица

Илија Илиовски – Касап

Столе Мицов – Лепи

Едмонд Сотир -Роки

Ердоан Максут – Шеф

Јелена Жугиќ/Жаклина Петровска – Лина

Премиера: 08 март 2016

„Вардарски пастуви“ според, Фул Монти од Симон Буве, Дамите бираат од Ентони Мекартен и Стивен Синклер и скопски урбани легенди

„Вардарски пастуви“ е пиеса работена според сценариото на Симон Бофој (филм Фул Монти) и според пиесата „Дамите бираат“ од Ентони Мекартен и Стивен Синклер, но, овој пат станува збор за сосема наш производ, најпрвин затоа што е тоа сопствена продукција на Театар Комедија и затоа што се работи за скопска приказна за скопски ликови, во коишто секој може да се препознае, а скопскиот урбан говор ја издвојува како самостојна драматуршка целина на која можат да и позавидат и Бифоу, Мекартен и Синклер.

Приказната е современа и мејд ин скопје. Станува збор за скопска маалска група другари – навивачи, на која најголема љубов им е ФК Вардар. Нивниот начин на живот на маргините и по хаусторите на Скопје ги издвојува од корпоративниот свет и трката по успех, па во недостиг на финансиска моќ, потенцирано од нивните секојдневни проблеми (едниот има проблеми со жената, друг не може да си фати девојка, едниот, за да заработи служи како келнер итн…) стануваат апатични. Но, при една средба, еден од нив наоѓа оглас за работа: се бараат млади, згодни, убави… за машки стриптиз.